Летонија ќе испрати 1.400 борбени дронови во Украина

Летонија ја подготви најголемата пратка беспилотни летала – 1.400, за Украина, објави летонскиот министер за одбрана Андрис Спрудс на социјалната мрежа „Икс“.

„Најголемата пратка од 1.400 дронови од латвиски производители е подготвена да биде испорачана во Украина. Со ова се заокружува нарачката на Министерството за одбрана за повеќе од 2.700 беспилотни летала од летонската индустрија за Украина“, рече Спрудс.

Тој потенцира дека Летонија и обезбедила на Украина 3.000 борбени дронови од различни модели.

„Заедно со латвиските компании ќе продолжиме да даваме поддршка до победата на Украина“, нагласи министерот за одбрана.

Коалицијата за беспилотни летала предводена од Летонија и Велика Британија ги вклучува и Австралија, Чешка, Данска, Франција, Естонија, Италија, Нов Зеланд, Канада, Литванија, Холандија, Полска, Германија и Шведска. Тие обезбедија повеќе од половина милијарда евра за беспилотни летала за Украина.

Прочитајте и:  Трамп вети силна војска и крај на војните
- Реклама -