Летно кино во Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров во соработка со Кинотека Македонија првпат организира низа на филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината.

Филмскиот караван започнува овој викенд (6-ти и 7-ми јули) во населба Хром, поточно на полјанката.

Проекциите ќе се реализираат по следниот редослед: 6-ти јули (сабота) во 21часот – филм за деца до 15 годишна возраст „Стела” во режија на Стојан Вујишиќ. На 7-ми јули во недела во 21 часот предвидена е проекција на филм за повозрасната генерација “Те дуа, жими мене” – филм на Марјан Гавриловски.

Целта на овој проект е промоцијата на културата, како и промовирање на македонски филмови, со цел да ги зачуваме вредностите и културолошки да ја издигнеме нашата општина.

- Реклама -