Специјално за Вас драги фанови, модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева истакна неколку совети како да направите совршени модни комбинации за ова лето.
Изглед на плажа….
Кога станува збор за лето, плажа, одмор, тоа веднаш асоцира на нешто кое би требало да ја растерети личноста од секојдневието и обврските кое тоа само со себе го носи. Она што јас би препорачала како комбинација за плажа е нешто кое ќе ви овозможи комоција,чувство на пријатност и секако нешто кое ќе ве одвои од останатите. Ќе почнам од костимот за капење, би препорачала да го одберете според формата на вашето тело, нешто што вам како крој најмногу би ви одговарало, а трендот можете да го вметнете во дезенот на самиот материјал. Боите кои се актуелни за ова лето се палета на плаво, портокалово, лила, зелена. Некоја лелеава наметка, со интересен дезен може да биде вистинско надополнување на вашиот изглед. Шеширот исто така е добар моден детаљ, кој може да биде во машка или дамска верзија, во зависност од вашиот стил, меѓутоа препорачливо е да е изработен од природен материјал. Добар пар наочари е неизбежен дел од елементите за надополнување на изгледот на плажа. Деталите се она што ја прават целината. Добар пар обувки за на плажа и добро усогласена чанта во која ќе ги сместите сите препарати потребни за заштита на вашата кожа од штетното влијание на сонцето, се неизбежни.
Вечерни излегувања…
Природните материјали се вистинско решение за летните денови. Во зависност каде практикувате вечерни излегувања, дали тоа е на одмор или во местото на живеење, така си ги правите и комбинациите на облека. Доколку сте на одмор и облеката за излегување би ви била по лежерна. Можете да направите некоја морнарска комбинација, исто така можете да правите комбинации на елегантно со малку полежерно. На пример, малку поспецифично здолниште искомбинирано со памучна маичка. Лелеави широки панталони со маичка или топ, долга сукња, може да биде и дезенирана, со маичка или топ.
Деловен летен изглед…
Летните денови, за време на работните часови можат да бидат многу топли. Поради тоа најдобро е да практикувате лесни природни материјали кои ќе и дозволат на кожата природно да дише. Препорачувам лен, памук, вискоза, свила. Можат тоа да бидат лелеави фустанчиња,фустанчиња со чиста А линија , надопонети со интересен накит и соодветни модни додатоци. Шминката би било пожелно да биде сведена на минимум, бидејки сепак е препорачливо да се практикува минималистички изглед.