Летната престолнина на Турција – Анталија бележи неверојатен процут и развој.
Анталија е бисер на Турската ривиера, еден од најважните центри во регионот и рај за туристите.
Градот е опкружен со високи планини и блеска од шармот на медитеранскиот брег. Областа е начичкана со бројни археолошки и историски знаменистости – извонредно наследство од богатото минато на Мала Азија и древните цивилизации и култури на овие земји.
По брегот на Анталија има безброј плажи кои што можат да ги задоволат и најголемите барања.
За шетачите има мешавина помеѓу модерна метропола и старомодно мало гратче. Во Калејчи, се наоѓа стариот кварт на Антара каде секој може да почувствува вистинската Анталија. Тоа е оаза со мали џамии и реставрирани дрвени отомански куќички.
Пристаништето на Анталија е прекрасно место за прошетка и уживање во прекрасната глетка и чамците во некое од многуте пријатни кафулиња и барови.
Интересно е што во Анталија можете да го почувствувате летото и за време на целиот есенски октомври. Таму температурите во тековниов месец, достигнуваат и до 30-тиот степен.