Оваа летечка јахта, концепт на Фил Поли, е нов архетип за луксузно патување. Јахтата која изгледа како нешто дојдено од иднината ќе ве однесе од водата во воздухот само со притискање на едно копче.
Наречена Летечкиот Крстосувач, оваа јахта е дел од цела серија која нуди избор за поголем број на индивидуални вкусови. Во дизајнот се вметнати и крила со интегрални млазни мотори. Крилата се отвараат кон надвор. Кога јахтата ќе се движи со доволно висока брзина, крилата ќе ја стабилизираат врз вертикалната перка која ќе се собере штом ја достигне потребната брзина за лет.