Летачката чинија на САД

f0ds0l1ncsttywjsmc0s[1]

Ако некој ви каже дека видел неидентификувана летечка чинија некаде кон крајот на 50-тите години од веков, бидете скептични – може ја видел Avro Canada VZ-9 Avrocar. Изградена е во Канада, во раните години од Студената војна, како дел од таен воен проект на армијата на САД. „Аврокар“ го користела издувот од турбо моторите за да го погонува кружниот „турборотор“, кој требало да и овозможи способност за вертикално полетување и слетување. Беше замислена како воздушно борбено летало, со топ брзина од 483 км/ч (постигна 56.3) и максимум висина од 3 километри (постигна 90 сантиметри). Во меѓувреме беше преиначена во „летечки џип“ (на сликата), пред проектот да биде затворен во 1961-та.

lobnwhrf1qjz0tz39fpx[1]Еве едно видео со сите летала со вертикално слетување низ историјата на САД. Ја има и „Аврокар“.

- Реклама -