Лесен и весел француски маникир

Заборавете на нежните бои и класичната црвена, кога станува збор за летните нокти.

Согласно со времето, сосема е прифатлив шарениот маникир.

Денеска ќе ви покажеме еден многу брз и едноставен начин да ги освежите вашите нокти – со шарен француски маникир, кој е погоден и за жени со кратки нокти.

За целта имате потреба од различни бои на лак, селотејп, чепкалки за уши и проѕирен лак за нокти.

Прво нанесете основа, оставете да се исуши и залепете селотејп на вашите нокти, како што е прикажано на сликата.

1

Излакирајте го врвот на секој нокт во различна боја, со помош на стапчиња за чистење на уши.

2

Оставете да се исуши лакот, отстранете го селотејпот и нанесете топ лак.

3

- Реклама -