Човекот е венецот на природата и се опива од оваа титула.
Ретко размислува како стигнал до овој врв и зошто му е доделен. Ретко гледа што има во подножјето и е склон надмено да гази. А животот е еволутивен синџир, во кој секој елемент си има своја смисла и намена. Следните четири лекции од живата природа ја носат мудроста на милијарди години искуство и успешен опстанок.
1. Првата од овие лекции можеме да ја научиме од клукајдрвецот! Таа се нарекува „Лекција на реално фокусирање”.
Клукајдрвецот е многу попаметен од нас. Да, тој удира со глава во дрво, но го прави тоа со успех. Тој е реален – не се обидува да го разбие дрвото со еден удар, како многумина од нас и тоа упорно. Методичното и фокусирано удирање во иста точка полека, е приближувањето кон целта.
2. Втората лекција можеме да ја научиме од рибите. Да ја наречеме „лекција на потокот” .
Рибата секогаш плива против струјата и покрај популарното мислење, тоа е правилно. Не го прави, за да си создава непотребни компликации во животот, туку за да пропушта што повеќе вода покрај себе. Така, покрај неа, во тек се носат повеќе храна и кислород, а нејзиниот живот се збогатува последователно. А ние, за разлика од рибите, секогаш се обидуваме да пливаме низводно во мирен поток и како резултат на тоа, наместо 40 години животно искуство, повторуваме 40 пати едногодишно животно искуство. Не сакаме да ја напуштиме зоната на удобност и потоа се прашуваме зошто во животот сме имале толку малку можности. Сакаме да заработиме на лотаријата на животот, дури без да купиме билет.
3. На третата лекција ќе не научат кучињата. Таа е социјална и се вика „ Подмавнување со опашката“.
Во 21 век веќе не е толку важно што правиш, туку како ги мотивираш останатите. Кучето е прекрасен пример во однос на ова: Тоа не мисли: „Ти, прво одведи ме дома, нахрани ме, сакај ме, а потоа јас ќе ти подмавнувам задоволно со опашката.” Кучето прво покажува симпатии, и тогаш го добива во замена она што му е потребно. При тоа не ви тера да му давате што и да е, туку прави така што да ќе посакате да му дадете се што имате.
4. Четвртата лекција се предава од змијата. Се вика „Не треба да лелекаш.”
Таа не мисли: „Немам ниту раце, ниту нозе, видот ми е лош, никој не ме сака, сум се родила во погрешно време и на несоодветно место, а моите родители ме отфрлија од моментот во кој сум се извела “. Змијата се задоволува со тоа, што го има, а луѓето дури се плашат од неа. И ако нешто не и се допаѓа, едноставно ја менува кожата и ползи натаму без жалење.