Леброн Џејмс Џуниор – Брони, 19-годишниот син на НБА ѕвездата Леброн Џејмс, беше избран как овкупно 55-ти озбор во втората рунда од НБА драфтот од страна на Лос Анџелес Лејкерс.
Четирикратниот МВП на НБА и четирикратниот шампион во лигата честопати велеше дека му е сон да игра со синот во НБА лигата, а сега е чекор поблиску до тоа. Двајцата најверојатно ќе бидат членови на Лејкерс следната сезона, а првпат во историјата на лигата татко и син би можеле да се сретнат на теренот.
Леброн Џејмс Јуниор од Универзитетот во Јужна Калифорнија минатата сезона имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции по натпревар.
Минатиот јули, Брони колабираше за време на тренингот откако доживеал срцев удар предизвикан од вродена срцева мана. Тинејџерот неколку дена подоцна бил отпуштен од болница, а лекарите му дозволија да игра во американската колеџ лига, како и во НБА.
Леброн Џејмс има рок до сабота да одлучи дали ќе ја продолжи последната година од договорот со Лејкерс или ќе стане слободен агент, што не би го спречило повторно да потпише нов договор со неговиот сегашен клуб.