Легендарната американска марка на аукција

Многу големи претприемачи од целиот свет, кои бараат можност да влезат во автомобилската индустрија, ќе имаат одлична можност да го сторат тоа на 22 октомври. Тогаш ќе се одржи аукција на која ќе се продаваат амблемот, името и производствените права на американската компанија Cord Automobile.


Ако на 22 октомври не биде најден купувач тогаш тендерот ќе се повтори на 22 ноември. Ако и тогаш не се добие, ќе следи нов по месец дена и така до моментот во кој организаторите на аукцијата Leake Auction не најде нов купувач на легендарната марка, која деновиве е целосно заборавена.

Во 20-те и 30-те години на минатиот век брендот Cord заземал високо место во автомобилската индустрија, благодарение на моделот со погон на предни тркала L-29 и на луксузните изведби 810 и 812. Моделот 812 остава посебен впечаток со фарови скриени во предните браници, V8 мотор и со носот во облик на Ное. Иако со најдобри технички квалитети, 812 се покажува како трговско разочарување и малку по своето деби компанијата е продадена.

Во 60-тите години беше направен обид марката да биде оживеана откако некој Глен Прај ги купува правата на комбинираната компанија Auburn-Cord-Duesenberg. Тој се откажува од брендовите Duesenberg и Auburn, но останува верен на Cord до својата смрт во 2011 година. Токму неговото семејство сега го продава брендот. Интересно е дека во моментов под името Cord во патентно биро на САД се регистрирани две марки – едната е за автомобили и резерви делови, а втората за играчки-автомобили.

- Реклама -