Лефков: Џафери ја злоупотребува функцијата, одбивањето на интерпелацијата врз основа на чл. 136 е спротивно на Деловникот

Претседателот на Собранието – Талат Џафери, ја злоупотребува функцијата, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Миле Лефков, во емисијата „Жешко политичко лето“ на ТВ „Канал 5“.

„Господинот Талат Џафери во повеќе наврати ги повреди и Уставот и Законите, но и процедурите во самото Собрание, и поради тоа е поднесена таа интерпелација. Ако ги погледнете информациите денеска, тој ја врати интерпелацијата поради наводно непочитување на членот 136 од Деловникот, односно дека не се содржани сите елементи. Но, членот 136 од Деловникот е поврзан и со членот 135, со кој се предвидени кои составни делови треба да ги има законот како поднесок во Собранието. А, интерпелацијата не е закон и не преставува поднесок од таков вид, така да уште една имаме неделовничко одбивање и злоупотреба на неговата положба“, образложи Лефков.

Прочитајте и:  СДСМ: Христовски да даде објаснување за неговиот сертификат по англиски, вклучително и за тоа каде бил на денот на полагањето
- Реклама -