Light-emitting diodes или LED диоди го менуваат изгледот на зградите, мостовите и шопинг центрите. Обичната светилка е заменета со LED диоди кои се поеколошки и поекономични. LED индустријата во моментов вреди 10.2 милијарди долари. Ви ги претставуваме најблескавите градби на денешницата кои користат светлина произведена од LED диоди.
Light-emitting diodes или LED диоди
го менуваат изгледот на зградите, мостовите и шопинг центрите. Обичната
светилка е заменета со LED диоди кои се поеколошки и поекономични.
LED индустријата во моментов вреди 10.2 милијарди долари. Ви ги претставуваме најблескавите градби на денешницата кои користат светлина произведена од LED диоди.
го менуваат изгледот на зградите, мостовите и шопинг центрите. Обичната
светилка е заменета со LED диоди кои се поеколошки и поекономични.
LED индустријата во моментов вреди 10.2 милијарди долари. Ви ги претставуваме најблескавите градби на денешницата кои користат светлина произведена од LED диоди.
Agbar Tower
Оваа зграда во Барцелона, дизајнирана од Францускиот архитект Jean Nouvel, користи 4500 светилки кои осветлуваат 32 ката со канцеларии. Сите светилки се контролирани од еден компјутер.
Bank of Korea
Централната Корејска банка била изградена во 1950 година. Класичната градба била модернизирана користејќи го извонредното розово LED осветлување.
Ben Franklin Bridge
Овој мост во Филаделфија доби на драматичност откако беа додадени светлата. Стари мостови (како нашите) навистина можат да станат поинтересни со многу мала инвестиција.
Hollywood Bowl
Светлината не прави само некој објект да изгледа поатрактивно, туку служи и за стимулирање на расположенија. Во Hollywood Bowl, светилките се користат за кореографија.
Blue Tower
На оваа фотографија може да ја видите највисоката структура за рекламирање во Англија. Изработена комплетно од светилки, оваа градба може да свети во било која боја (во зависност од рекламираниот бренд). Се проценува дека 1.630.000 луѓе неделно имаат визуелен контакт со овој “билборд“.
LG Towers – Beijing
Со висина од 140 метри и светлечки линии од преку 2 километри, канцелариите на LG само го надополнуваат уникатното небо над Пекинг.
M Club Muticolored
Врвниот дизајнерски тим навистина се потрудил да даде душа и префинетост на овој бар во Belfast.
Мобилен LED
Сеуште има еволуција кај осветлувањето. Ова е предложен дизајн за променливи панели со интегрирани светилки. Со едноставни промени на местата на панелите го менувате комплетното осветлување во просторијата.
Time Warner Building
45 метри високата светлечка скулптура ја краси оваа зграда на гигантот Time Warner. Спори, ритмички секвенци кои понекогаш содржат и сезонски елементи како на пример снегулки, ја прават оваа светлечка градба една од најуникатните глетки во New York.
Queen Elizabeth Conference Center
Користејќи ја најсовремената LED технологија, тимот кој учествувал во изградбата на овој центар успеал да направи извонредна работа со оглед на тоа дека сите светилки трошат вкупно 2800 вати, што е навистина малку.
Singapore's Safra Club
Оваа рекреативна установа во Сингапур, од обичен SAFRA Town Club, со помош на светилките е претворен во објект со мошне колоритна фасада.
Takarazuka University
Престижниот Takarazuka University of Art and Design во Јапонија, спој на традиционална уметност и иновација.
Hillsboro Arch
580 индивидуални 9mm минијатурни светилки. Користејќи LED светилки наместо регуларните (пазарски) се заштедува околу 8.491.2 вати на час според Ledtronics.
Kaberat: Kabaret's Prophecy
Првата перманентна инсталација во Англија, оваа светлечка комбинација која што менува боја и расположение е контролирана секоја ноќ од VJ.
Chicago Millennium Park
The Crown Fountains во Chicago's Millennium Park конвертира видео сигнали (во живо или снимени) во stream кој што се прикажува на LED системот во форма на пиксели.
Basketball Hall of Fame
Сликата кажува се. Добитник на Lumen Design Award.
Fleur d'Eau Shopping Centre
Овој шопинг центар во Франција ја доби престижната ReStore награда. LED осветлувањето е интегрален дел од нивниот дизајн.