Лебеди предизвикаа сообраќаен застој, па добија полициска придружба

Метежот во сообраќајот е голем проблем за сите возачи. Но, кога би знаеле дека проблемот во сообраќајот настанал поради семејство лебеди кои минуваат на патот, мислиме дека бесот би ви поминал во истиот миг.
Вакво сценарио се одиграло во Ливерпул, кога сообраќајот буквално застанал за мама лебед успешно да ги поведе преку патот своите шест патчиња.

Овој симпатичен застој го овековечил со камера Џеј Хјуз, кој забележал полициско возило под ротација.

„ Кога здогледав полициско возило не очекував дека тоа ќе следи семејство лебеди“, вели Џеј и додава сека полицајците прво ги собирале патчињата од патот за да им обезбедат сигурен прелаз.

„ Иако полицијата направила застој, мислам дека тоа не им пречеше на возачите. Сите беа зачудени од сцената. Беше интересно да се види тоа“, заклучува Џеј.

Семејството лебеди имало гнездо во близина на патот, па очевидците велат дека се враќале дома.

- Реклама -