Лебдечка куќа

лебдечка куќаБостонскиот архитект Ворен Шварц за себе и својата сопруга Шејла дизајнирал и изградил модерна куќа од стакло, челик и бетон. Куќата има три спални соби, висока е над девет метри и има тераса на покривот од каде што брачниот пар ужива во ѕвездите во текот на летото.

Покрај тоа што е направена од стакло, куќата е карактеристична и по тоа што има облик на правоаголник, широка 5 и долга 27 метри, од кои речиси 14 метри висат над ридот. Бетонскиот самоносечки под вибрира секој пат кога нивната пудлица, Оберон, трча по неговата топка. Господин Шварц, чија фирма Schwartz/Silver Architectshas има соработувано на неколку проекти со Институтот за Технологија од Масачусетс и Универзитетот Принстон, вели дека противтежа на самоносечкиот дел од градбата е масивниот бетонски подрум сместен во ридот. Тој додал дека градбата е „предизајнирана“ за стабилност и во неа безбедно можат да престојуваат до 60 луѓе, плус два-три тона на терасата на покривот.
лебдечка куќаГостите во куќата минуваат низ долг ходник, крај трите спални соби кои се поставени на различна висина, пред да дојдат до големата соба за дневен престој. Округли, челични потпорни греди го обиколуваат отворениот простор кој од надворешноста е одделен само со стакло. Бели стаклени ѕидови ги одделуваат трите спални соби од ходникот. „Сакав се да има светли бои, лесна структура и посетителите колку што е можно повеќе се чувствуваат како да лебдат“ додал господин Шварц.
лебдечка куќаДекорот е модерен и минимален; во големата соба е сместена стаклена маса, дизајн на Le Corbusier, веднаш до кујната од IKEA. Сопружниците се решиле за палета од црна, сива, бела и сребрена боја за природата да остане најпривлечниот дел од околината, дури и куќичката на кучето, црна и покриена со сива ткаенина, се придржува до избраната палета. [A cantilevered glass house]

- Реклама -