ЛДП останува во Владата и дава поддршка на идниот мандатар

Раководството на ЛДП – претседателот Горан Милевски, потпретседателите Моника Зајкова, Игор Велјановски и генералниот сектретар Боби Мојсоски, на денеска одржаната работна средба со раковoдството на СДСМ, односно со новиот претседател Димитар Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев, ги договориле програмските политики важни за либералдемократите во делот на економијата, екологијата и изборните реформи.

„На средбата ги договоривме програмски политики кои се важни за ЛДП во делот на економија, екологија и изборните реформи. Усвоени се нашите барања кои ќе ги афирмираат нашите либерални политики, а тоа се: заокружување на процесот на децентрализација, отворање на Законот за локална самоуправа, воведување на моделот на една изборна единица, отворени листи за избор на советници, регулацијата на пазарот на криптовалути, измени во законите за градење и урбанистичко планирање со цел стопирање на урбаниот хаос во градските центри и ставање акцент на хуманото живеење и екологијата. Изградба на нова жичарница на Пелистер и развој на зимскиот туризам“, стои во соопштението од ЛДП.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Од ЛДП воедно укажале дека не отстапуваат од заложбите на политиката на рамен данок и укинување на парафискалните давачки кои се неданочни обврски за граѓаните.

„Очекуваме тесна и успешна соработка и градење на политики во интерес на граѓаните во очекување на новиот мандатар на Владата“, истакнаа по средбата од раководството на ЛДП, се наведува во соопштението.

МИА

- Реклама -