Лажна вест за Малезискиот авион се шири на интернет-внимавајте, тоа е хакерски напад!

Видео со наслов „Малезискиот авион најден во море-50 преживеани“ во последниве 3 дена молскавично се шири насекаде во светот преку социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.

Блогерите предупредуваат да не кликате ниту еден линк со слична содржина, а за фотографиите објаснуваат дека се од несреќата на авионот на Lion Air, во април 2013, близу Бали.

Голем број Фејсбук корисници наседнале на шокантниот наслов, но всушност сите забележале дека од нив било побарано да пополнат прашалник кој наликувал на барање на Фејсбук за дозвола за користење на вашите податоци. Измамата е направена од маркетинг спамери кои наплаќаат за сите кликнувања на интернет-анкети.

Слична ваква вест прво била објавена од CBSNews.com но поради злоупотребата, веста од нивниот сајт е одстранета.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Tекстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -