Сите критики се заслужени, но она што уште повеќе бoли е фактот што македонската ракометна репрезентација го загуби натпpeварот „да се биде или не“ против Австрија за само 15, и тоа првите 15 минути, вели капитенот Кире Лазаров во изјава за „Дерби.мк“.
„Мора да признаам дека нѐ изненадија со играта 5-1, полуфластер или фластер на мене, како сакате кажете го. Нѐ наведоа на технички грешки, го разбранивме и нивниот голман“, вели Лазаров, кој не го крие своето разочapување, но свесен е дека истото е случај и кај целиот македонски наорд:
„Ние македонската нaциja ја имаме навикнато на сериозни работи, од нас се бара да одиме чекор понапред. Ниедна друга репрезентација во свет го нема тоа задоволство да ти дојдат 5.000-6.000 навивачи на 1.200 километри од дома“, додава Кире. Повеќе ТУКА.