Лавров: Преговорите за мир во Украина се можни само со воспоставување нов светски поредок

Преговорите за мир во Украина се можни само доколку имаат за цел да воспостават „нов светски поредок“ без американска доминација, изјави денеска во Турција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Преговорите може да се случат само ако се земат предвид руските интереси“, рече Лавров на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Станува збор за принципите на кои ќе се заснова новиот светски поредок“, објасни рускиот министер.

МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -