Лавров: Нема да дебатираме дали нападот врз Кремљ е изговор за војна, ќе одговориме со конкретни акции

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на состанокот на Шангајската организација за соработка (СЦО) во Панаџи, Индија, изјави дека Москва ќе одговори со конкретни акции на нападите со дронови врз Кремљ, а нема да дебатира дали тоа е изговор за војна.

Тој посочи дека е јасно оти нападот со дронови е непријателски чин, што „не би можел да биде извршен без знаење на газдата на киевските терористи“.

„Очигледно беше непријателски чин, сосема е јасно дека без знаење на сопственикот, терористите од Киев не можеа да го извршат. Нема да одговориме на приказни за тоа дали е ‘касус бели’ или не, туку ќе одговориме со конкретни акции“, посочи Лавров.

Прочитајте и:  Москва го преименува плоштадот „Европа“ во плоштад „Евроазија“

Според него, изјавите на Киев и Вашингтон дека не биле вклучени во нападот не значат дека може да им се верува.

Според прес-службата на рускиот претседател Владимир Путин, режимот во Киев ноќта на 3 мај се обидел да ја нападне претседателската резиденција во Кремљ со два дрона, кои се соборени. Во инцидентот нема повредени лица.

МИА

- Реклама -