Врската на пејачката Аврил Лавињ и фронтменот и вокалист на групата Nickelback, Чед Кругер беше толку тивка и таинствена, што само малкумина знаеја дека тие зе забавуваат. Сега, шест месеци откако двојката ја започна врската, канадските рокери се верија и наскоро ќе се венчаат, пишува People.
27-годишната Лавињ и 37-годишниот Кругер почнале да се забавуваат во февруари годинава, откако заеднички работеле на дел од песните што ќе се најдат на најновиот, петти по ред студиски албум на пејачката.
– Романтичната врска цветаше како што тие поминуваа време заедно на професионален план – изјавило лицето за односи со јавност на Аврил, за People.
Чед ја запросил Лавињ на 8 август, со дијамантски прстен од 14-каратно злато. Исто така, People пишува дека нивните семејства се пресреќни. Ова ќе биде прв брак за Кругер, а втор за Лавињ, која се разведе со Дерик Вибли од Sum 41 во 2009 година. Таа, исто така, беше во врска со американската телевизиска ѕвезда Броди Џенер.