Барселона, 2 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона – Жоан Лапорта, денеска ги демантираше наводите во локалните медиуми и рече дека Роналд Куман останува тренер на каталонскиот клуб.
„Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона“, изјави Лапорта, неколку часови пред вечерашното дерби против Атлетико во Мадрид, за кој шпанските медиуми најавија дека ќе биде последен за Куман на клупата.
„Без оглед на резултатот, Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона. Тој има договор и се надеваме дека ќе нè врати на победничките патеки. Знам дека ќе даде сè од себе“, додаде претседателот на Барселона.