Lamborghini покажа официјални фотографии и детали од обновената верзија на својот модел Gallardo Spyder.
Што се однесува до дизајнерските зафати отворената супер спортска изведба добила нови предни и задни браници, а исто така и фелни со целосно нов дизајн. Промени кај агрегатот нема, автомобилот продолжува да се потпира на 10-цилиндарскиот бензински мотор со зафатнина од 5,2 литри и моќност 560 КС. Од 0 до 100 km/h обновениот Gallardo забрзува за 4 секунди.
Уште во Париз од Lamborghini најавија дека специјално за купе верзијата ќе се нуди нов пакет опции, кои се спакувани во Style Package. Во него е вклучена можноста за бојосување на елементи од екстериерот во сјајна црна боја.
Освен тоа, модификациите LP 570-4 Superleggera и LP 570-4 Spyder Performante во иднина ќе може да се нарачаат со спортски пакет Edizione Tecnica. Тој вклучува во себе големо задно антикрило, карбон-керамички сопирачки и ексклузивното бојосување на каросеријата во две бои.
Објавено во соработка со Авто Плус.