Поранешниот кошаркар Ламар Одом преживеал дури 12 мозочни удари после трагедијата која му се случи.
Докторите му направиле мозочни скенирања на Ламар и така ги откриле ударите. Иако мозочните удари не влијаеле врз виталните органи, тие сепак влијаат врз неговата способност да се движи и да збори.
Тимот од доктори кои се грижат за славниот НБА играч велат дека не знааат дали ќе има трајни последници врз моторичките способности или не. Ламар ќе мора да биде на повеќемесечна терапија, но докторите не се сигурни колку таа терапија ќе му помогне за да ги поврати неговите способности.
Одом ќе продолжи со дијализата, а најверојатно ќе му биде потребно и трансплантација на бубрег.