Официјално: Лацио го комплетираше трансферот на Андерсон

Лацио го потврди трансферот на Фелипе Андерсон кој за сума од околу 9 милиони евра пристигнува на Олимпико.

20-годишниот фудбалер потпиша пет годишен договор со Лацио и конечно се пресели во Лацио.

Бјанколичестите се надеваа дека ќе го комплетираат договорот уште во зимскиот преоден рок, но не успеаа.

„Лацио потврдува дека фудбалерот Фелипе Андерсон потпиша пет годишен договор со нашиот клуб” – стои во соопштението на Лацио.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -