Ла Лига прислушкувала навивачи за да открие во кои локали се гледале нелегални преноси од натпревари!

Шпанската агенција за заштита на податоци ја казни Ла Лига со 250.000 евра поради неовластено извлекување информации преку својата апликација од мобилните телефони на фудбалските навивачи кои ја следеле шпанската лига.

Користејќи го микрофонот на мобилните уреди, Ла Лига преку апликацијата „наслушнувала“ што гледа корисникот. По истиот принцип како и кај апликациите кои можат да ви го најдат насловот на непозната песна откако ќе снимите дел од неа, така и апликацијата на Ла Лига откривала ако корисникот гледа пренос на натпревар од шпанската лига. Потоа, со помош на GPS предавателот на уредот, апликацијата ја откривала локацијата на корисникот, па така доаѓала и до локалот во кој се пуштал нелегален пренос (stream).

Со тоа, La Liga своите навивачи ги користела како еден вид шпиони, а без нивно знаење. Апликацијата е симната повеќе од 10 милиони пати, што значи дека практично Ла Лига имала скоро толку свои бесплатни „инспектори“ ширум светот.

Адвокатите на одбраната аргументирале дека корисниците со симнувањето на апликацијата автоматски дозволуваат користење на такви податоци од своите мобилни, со оглед пред да ја користат морале прво морале да одобрат пристап и користење на микрофонот и локацијата од страна на апликацијата. Судот, меѓутоа, одлучи дека тоа не било доволно јасно објаснето, па оттаму информациите се нелегално прибирани од уредот на корисникот.

 

Ла Лига најави жалба на одлуката.

- Реклама -