Ова е најверојатно најскапиот начин да ја разладите вашата храна. Италијанската компанија, Meneghini го создала овој огромен фрижидер наречен “La Cambusa”.
Фрижидерот е широк 2,5 метри и има доволно простор со внатрешен волумен од 753 литри – и доста висока цена. Почетната цена на овој фрижидер е 26.000 долари – со што ќе ја добиете дрвената рамка достапна во една од 500 бои. За фрижидерот и замрзнувачот треба да платите дополнително.
Фрижидерот има неколку опционални додатоци како рачки од месинг, стаклени полици и Miele кафемат кои ќе ја подигнат цената до околу 41,500 долари. Фрижидерот може да биде опремен и со телевизор. Британскиот претставник на компанијата признава дека не продаваат „стотици неделно“. [With this refrigerator, who needs a kitchen? $41,500 model has its own pantry, a coffee maker… and even a television]