Квалитетен и активен живот на возрасните лица – примарна цел на новиот центар за домување во Сопиште

Новиот центар за домување на возрасни лица кој во текот на месец октомври ќе биде отворен во општина Сопиште – Резиденција Дабески, на своите станари ќе им нуди целосна грижа, програма за социјални активности и нега од доктори и експерти.
„Не делат уште само неколку недели до официјалното отворање на резиденцијата и во овој период сме целосно посветени на финалните подготовки и доусовршувања на кадарот кој ќе се грижи за нашите станари. Резиденција Дабески ќе обезбеди 24 часа медицинска услуга, односно тим од доктори, медицински сестри, физиотерапевти и негувуватели, кои ќе им бидат на располагање на сите жители на резиденцијата”, вели Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.

Медицинскиот тим на Дабески ќе го сочинуваат: Доктор по општа медицина, социјален работник, психолог, физиотерапевт, медицински сестри, негувателки.

За корисниците кои имаат потреба од висок степен на здравствена нега ќе се обезбедуваат и постојани консултации од страна на специјалисти: Кардиолог, Невролог и Ортопед.

cover Dabeski

Покрај 24 часовната медицинска нега, новата резиденција за домување, нуди програма за исполнет социјален живот кој вклучува рекреација, забава, игри, уметност, спорт и останати активности кои ќе го збогатат секојдневието на станарите, како и личен асистент за придружба за самосталните станари кои имаат желба да одат на шопинг, во посета кај семејството или пријателите.
Објектот на резиденцијата e изграден и опремен според сите Европски стандарди за ваков тип на домување.
Резиденцијата Дабески е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само 8 км од Плоштад Македонија. Со својата локација, план за работа, тим од експерти и уникатна програма за квалитетен социјален живот, претставува извонредно место каде би сакале да домуваат вашите најдраги.
Повеќе информации на:

http://dabeski.mk/

https://www.facebook.com/rezidencijadabeski

- Реклама -