Купил слика за 90 долари, а тоа да ти биде оригинал од Полке

Реј Рајли од Хјустон, Тексас, откри дека е невиден среќник.

Не многу одамна, во една продавница за „секонд-хенд“ облека и други предмети на старо, тој купил слика која ја платил 90 долари, а подоцна се испоставило дека е оригинално дело на германскиот сликар Сигмар Полке. Ако не сте запознаени со неговото творештво, доволно е да знаете дека едно од неговите дела беше продадено за 27 милиони долари. Оваа, на Реј, се проценува дека вреди околу 7 милиони долари.

„Решив да ја извадам сликата од рамката и на позадината ги видов буквите што спелуваа П-О-Л-К-Е“, раскажува Рајли за ABC News. „Бев многу вознемирен и почнав да се тресам. На крајот, ја сокрив сликата на неколку седмици“.

Гај Џексон, вработен во продавницата каде што е купена сликата, вели: „Имаме стотици уметнички дела што секојдневно поминуваат низ нашата продавница и очигледно немаме претстава дали некое од нив вреди милиони“.

Ете, ова е доказ дека уметноста не само што ве наградува духовно, туку знае и да ве почасти со нешто материјално, како во случајов – со 7 милиони долари.

- Реклама -