Kumbwada – кралство во кое владеат жените

kralicaKumbwada е рурално кралство во северниот дел од Нигерија, специфично по тоа што на престолот се признава само женското владеење. Ниту еден маж не се осмелува ниту да изрази желба да стане крал заради древното проклетство кое предвидува дека оној кој ќе се обиде ќе умре. Денес со кралството Kumbwada владее кралицата Хаџија Хаидзату Ахмед која се грижи за правата на жените во земја во која владее строг шеријатски закон.


53108801Kumbwada е рурално кралство во северниот дел од Нигерија, специфично по тоа што на престолот се признава само женското владеење. Ниту еден маж не се осмелува ниту да изрази желба да стане крал заради древното проклетство кое предвидува дека оној кој ќе се обиде ќе умре. Денес со кралството Kumbwada владее кралицата Хаџија Хаидзату Ахмед која се грижи за правата на жените во земја во која владее строг шеријатски закон.

Во конзервативниот северен дел на Нигерија, жените се потиснати на второ место, освен во кралството Kumbwada. Последниот маж кој се обидел да ја смени традицијата на женски владетелки бил таткото на кралицата Хаџија, пред 58 години. Тој веднаш се разболил, бил брзо бил испратен во далечно кралство каде закрепнал од болеста, но никогаш повторно не се вратил. „Никогаш немало крал“, вели 65-годишната владетелка, „Дури и мојот татко кој посака да биде крал, речиси ќе умреше.“ Нејзината прабаба, која била на тронот 73 години, умрела на 113 годишна возраст. „Тоа е женска работа,  вели таа „Жените можат да владеат исто толку добро како и мажите, понекогаш и подобро од нив.“

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Како и традиционалните водачи, кралицата на Kumbwada решава за спорови како што се расправии за  земјиште, разводи, насилства, обвинувања за кражби и несогласувања помеѓу соседите. Владините судови се надлежни само за случаите кога традиционалниот владетел не може да реши некој случај во корист на сите засегнати. „Кралевите имаат важна улога во нигериското општество,“ вели Хаџива „Вистинската моќ, довербата лежи во нас. Јас сум поблиска до луѓето. Тие повеќе им веруваат на традиционалните водачи.“ Во своето 12 годишно владеење, кралицата не се соочила со проблем кој не може да го реши, иако признава дека како жена и мајка има посебен пристап различен од оној на традиционални водачи во решавањето на проблемите како што се разводот и насилство врз жените. [No man dares sit on this Nigerian throne]

- Реклама -