Мала куќа на плажа во Калифорнија се продава за сума од 449 000 долари. Интересно е дека таа е со површина 44.5 квадратни метри. Цената се оправдува со локацијата на плажа, и тоа во една од најпосакуваните области на Холивуд. Куќата е изградена во 20-тите години и служи како бунгалов за одмор. Иако е мала, во неа се одделуваат катчиња за секојдневна, спална соба, кујна, па дури и работна соба. Во околината можете да ги сретнете ѕвездите Кирстен Стјуарт, Роберт Патисон, сестрите Кардашијан и други кои имаат куќи во непосредна близина.