Речиси секојдневно во Дом ви прикажуваме прекрасно дизајнирани куќи, но во овие летни денови кога сите сакаме одмор и соба „со поглед на море“, нема поубаво од бајковит престој лоциран крај драматични пејсажи.Овој спектакуларен дом е дизајниран од страна на бразилското Архитектонско студио Артур Касас. Се наоѓа во Рио де Жанеиро, зафаќа 5200 квадратни метри и е сместен околу бујна вегетација, крај водено пространство.
Карактеристичен за оваа куќа е подот со лизгачки стаклени панели кои се отвараат над големиот базен за летна починка.
Погледнете неколку фотографии во продолжение…