Наместо да трчаат и да лаат по колите, кучињата во Нов Зеланд учат да ги возат користејќи ги педалите и воланот, во рамките на хуманиот проект чија цел е да се зголемат посвојувањата на кучињата од животинските стационари.
Тренерот на животни Марк Вет, помина два месеци во обука на кучињата скитници од стационарот во Оукленд, учејќи ги да возат автомобили, со што се обидува да покаже дека дури и животните што никој не сака да ги посвои се способни да исполнуваат сложени задачи.
Портер, Монти и Џини сега се искусни возачи кои седат на возачкото место, заштитени се со сигурносните појаси, а знаат и да ракуваат со воланот и со педалите кои се специјално дизајнирани за нивните шепи.
На воланот се поставени посебни рачки со кои кучињата може полесно да управуваат со автомобилот, а моторот се пали со помош на посебно копче кое се наоѓа во близина на воланот. Сепак, пред да го стартуваат моторот чекаат на инструкциите од нивниот тренер Вет. [Motor mutts! Dogs learn to drive in New Zealand]