Кучиња кои се помалку отпорни на топлина

Високите температури можат различно да влијаат на кучињата во зависност од повеќе фактори, но препорачливо е да се избегнува изнесување на кучето надвор кога термометарот надминува 29 Целзиусови степени, особено ако влажноста е висока, нагласува ветеринарката Анџела Бил од Колумбус, Охајо, САД, за „Бест лајф“ (Best Life).

Но, одредени раси се поподложни на проблеми поврзани со топлината, на пр. топлотниот удар, што е опасен по живот за кучињата и во крајни случаи тоа бара итна ветеринарна помош.

Чау-чау

Според истражувањата, кучињата од оваа раса имаат 17 пати поголеми шанси да добијат топлотен удар во однос на просекот. Тоа е поради огромниот слој на влакна што го покриваат нивното тело.

Булдог

Расите со кус или тн. „сплескан“ нос и издолжено меко непце, како што се англиските и француските булдози, потешко ја регулираат телесната температура и се многу чувствителни на топлотен удар.

Бордошка дога (Француски мастиф) и Кавалиер шпание

И тука се работи, исто така, за брахицефалични раси, па и за нив важи истото она за булдогот. Кавалиерот шпаниел е склон и кон дебелеење, што е, исто така, фактор на опасност.

Англиски хрт

Кај хртовите, воопшто, проблем е нивната голема мускулна маса во однос на нивната големина којашто ги прави подложни на топлотен удар. Со понапорни активности, нивната внатрешна температура може да се зголеми доста, особено во топлите денови.

Мопс

Ова е уште една брахицефалична раса чувствителна на горештините. топлото време може да им предизвика топлотен удар, како долгорочно оштетување на срцето, бубрезите и црниот дроб.

Златен ретривер

Овие кучиња се чувствителни на топлина бидејќи нивниот дебел, густ слој влакна ги прави склони кон прегревање, па затоа треба да им се обезбеди доволно сенка и вода.

Хаски

Познати се по нивната способност да опстојуваат на постудена клима. Можат да живеат и во потопли предели, нивните погусти влакна и кај нив може да претставува опасност од прегревање.

- Реклама -