Кученца од 600 илјади долари

МастифНајголемиот хит во моментов, во светот на одгледувањето кучиња, се тибетските мастифи. Песовите што растат и до 80 килограми се ставени на пиедестал во Кина, за парење се наплаќаат и по неколку десетици илјади долари, а чистокрвните кученца од добрите лози достигнуваат цени и до 600 илјади долари.

Најголемиот хит во моментов, во светот на одгледувањето кучиња, се тибетските мастифи. Песовите што растат и до 80 килограми се ставени на пиедестал во Кина, за парење се наплаќаат и по неколку десетици илјади долари, а чистокрвните кученца од добрите лози достигнуваат цени и до 600 илјади долари.

МастифМинатиот месец, одгледувач на кучиња во Нанјинг платил 234 илјади долари за чистокрвно кученце од расата тибетски мастиф, а неодамна, во Гзијанг, една млада жена платила неверојатни 600 илјади долари!

„Инвестирањето во чистокрвни кученца е како коцкање. Купувате едно и ги полагате сите надежи во него, со мисла деак еден ден ќе добива по неколку десетици илјади долари за секое парење“ вели Жао Јанџун, одгледувач на кучиња од Пекинг. „Но, постојат и луѓе кои ги купуваат само за да го покажат својот висок статус“.

И додека во некои земји постојат ограничувања на цените на кучињата (како на пр. Америка, каде што најголемата цена што можете да ја платите е 5 илјади долари), во Кина, која е нјабрзо растечката економија на планетата, не постојат такви закони и никој не може да предвиди до каде ќе одат цените.

Животот на Жао Јанџун се променил за 180 степени откако пред неколку години купил мал тибетски мастиф. Тогаш бил сиромашен одгледувач на кокошки, а изминатава година, само од парење на неговиот пес заработил 440 илјади долари. Којзнае, можеби и не е толку неразумно да се плати бараната сума за мастифите?

- Реклама -