8-годишниот Ротвајлер со име Зевс, добил карта за гласање на изборите за Европскиот парламент.
Човекот кој го чува Зевс, Расел Хојл не можел да поверува, кога го добил писмото за Зевс.
„Се сеќавам дека кога дојдоа да прават попис, им реков дека живеам со сопругата, синот и го чуваме Зевс, кој има 63 кучешки години “, раскажува Расел.
„ Не ни се веруваше кога пристигна писмото со три имиња. Син ми има 17 години и знам дека се уште нема право да гласа, значи третото име не беше неговото. Очигледно настанало недоразбирање, но јас и жена ми ќе гласаме , како и Зевс “, се шегува тој.
Расел, кој работи како чувар, живее во градот Стоктон во Велика Британија заедно со неговата сопруга Алисон и нивниот син Питер. Тројцата се уште се прашуваат како би гласал нивниот миленик.