Едно куче во Сибир спасило двегодишно дете, оставено од мајка му на верандата пред семејната куќа, иако температурата надвор била длабоко под нулата. Соседите го пронашле детето дури два дена подоцна.
Цели два дена, семејното куче не се одвојувало од детето, и греејќи го со своето тело, успеало да го спаси од смрзнување, иако температурата достигнувала и до -21°Целзиусови. Детето е префрлено во болница во состојба на крајна изгладнетост и со акутна хипотермија, но докторите велат дека здравствената состојба ќе му се врати во нормалата. Тие се сигурни дека детето не би преживеало ако не било грижливото куче, кое инстинктивно „решило“ да го грее со сопственото тело.
Како што пренесува The Siberian Times, мајката на детето се вратила дома дури четири дена откако детето е пронајдено и пренесено во болница. Сега ја чека затворска казна, а детето ќе ѝ биде одземено.