Дваесет и четири годишниот архитект од Пекинг, Даи Хаифеи, направил иновативен дом за кој не плаќа кирија. Неговиот дом е мал, има облик на јајце, подвижен е и добива енергија од сончевата светлина.
Домот е висок 1,8 метри и е доволно мал за да може да се смести на тротоар. Куќата е изградена од бамбусови ленти, дрвени деланки и е прекриена со мали вреќи со земја и семе од трева која би требало да ја прекрие куќата.
Малата куќа е опремена со сончев покрив преку кој светлината влегува во внатрешноста, како и соларен панел преку кој енергијата од Сонцето се складира за осветлување преку ноќ. Според China Daily изградбата на оваа куќа чинела околу 1000 американски долари.