Круша – сега и научно докажан лек за мамурлук

Најновото научно истражување покажа дека крушите не само што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја олеснуваат констипацијата (запек) и имаат противвоспалително дејство, туку помагаат и во лекувањето на мамурлукот.

Така, пиењето сок од круша пред консумирањето алкохол би можело драстично да го намали ризикот од мамурлук и да го намали нивото на алкохол во крвта. Најдобрата превенција би била 200 мл сок од корејска круша, но и консумирањето на самото овошје е доволно за позитивно дејство. Од друга страна, консумирање на сокот откако веќе сте консумирале алкохол, нема никакво дејство.

Научниците од Австралиската национална научна агенција – ЦСИРО го мереле дејството на лекот користејќи скала од 14 вообичаени симптоми. Се претпоставува дека за оваа појава се заслужни клучните ензими што имаат улога во метаболизирањето на алкохолот.

Корејската т.е. азиската круша веќе долго време се користи на Истокот како традиционален лек против мамурлак, а сега за прв пат е докажан ефектот и во западната медицина. Сепак, научниците планираат да испитаат дали истото дејство го имаат и останатите видови круши, со оглед на тоа што постојат извесни разлики во составот.

SONY DSC

- Реклама -