Ако отпатувате за Истанбул, едно од нештата што мора да ги направите е крстарењето по Босфор – уникатно и незаборавно искуство.
Протокот Босфор е долг 32 километри и ги поврзува Мраморното Море и Црното Море. Со овој теснец се разделени Европа и Азија, а на двете страни е подигнат „главниот град на светот“ Истанбул. Крстарењето по Босфор е едно од највпечатливите искуства што можете да ги доживеете кога ќе го посетите најголемиот град во Турција.
Крстарењата по Босфор се поделени на два дела: јужен и северен. Јужниот дел се протега од Златниот Рог до Мостот на Босфор, а северниот од Мостот на Босфор до Црното Море.
Јужен Босфор
Најубавите глетки се наоѓаат во јужниот дел од Босфор: Топкапи Сарај, Киз Кулеси, Долмабахче Сарај, Палатата Чириган, Ускудар, Палатата и паркот Јилдиз и Мостот на Босфор.
Северен Босфор
На северниот дел од теснецот Босфор може да се погледнат: селото Ченгелкој, Поморската академија Кулели, Мостот Фатих, Анадолу Хисар и неколку помали палати.
Истанбул и околината може да се видат од уникатна перспектива кога се наоѓате на брод кој крстари низ Босфор. Доколку се најдете во близина на теснецот, едноставно не смеете да ја пропуштите шансата да ја искусите магијата на крстарењата.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.com