За некои сосема непознато, а за други едно од најочекуваните поморски патувања за возрасни. Крстарењето е наречено Desire (Venice) Cruise и веќе од самото име се насетува за што се работи.
Ова нестандардно патување го организира холандската туристичка компанија SDC. Рутата минува низ островите Миконос, Парос, Родос, Санторини, Хани на Крит, и Мармарис (Турција).
Бродот има екипаж од 393 членови и носи вкупно 660 патници, од кои 329 мажи и 331 жени. Пристапот до деталите ѝ е забранет за јавноста.
Меѓу патниците има главно Бразилци, Австралијци, Аргентинци, Французи, Германци, Италијанци, Холанѓани, Швеѓани, Швајцарци, Англичани, Американци, но и Бугари, Грци и Турци.
Цената за патување по човек почнува од 2.349 долари, а за луксузна кабина-апартман ќе платите и до 8.875 долари.
Патниците, меѓу другото, ги очекуваат тематски еротски вечери, ексцентрични и експлицитни шоу-програми, секс во живо, лекции по играње на шипка, „signature spots“ и сл.
Организаторите, нормално, гарантираат апсолутна дискреција за идентитетот на патниците (иако во Бугарија знаат, на пример, дека на последното патување има 28 Бугари).
Секое патување се одвива со различна рута. Во септември годинава, на пример, ќе се плови по Јадранско море, „со кулминација во Венеција“. Во мај 2018-та, пак, ќе се поаѓа од Крит. Ако сте заинтересирани (уживајте, не кажуваме), посетете го официјалниот сајт.