Крос ќе остане да живее во Шпанија, Германија била многу променета


Германската фудбалска легенда Тони Крос во разговор со новинарите за време на ЕП објави дека не планира да се врати во татковината и дека  ќе остане во Шпанија каде што се чувствува безбедно.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид смета дека големите миграции драстично ја промениле Германија и повеќе не може да си ја препознае татковината.

„Германија повеќе не е истата земја од пред 10 години, а причина за тоа е масовната миграција. Секаде има проблеми, иако има и мигранти кои се добри луѓе. Ставот на Германците останува поделен на таа тема. Сепак, јас ќе останам да живеам во Шпанија“, кажа Крос.

- Реклама -