Кривична за жител на Сарај за „поткуп“, на сообраќајците им фрлил илјадарче на седиште

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(50) од село Ласкарци, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп” по член 358 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од МВР, на 01.08.2023, откако полициски службеници констатирале сообраќаен прекршок и го известиле дека ќе му биде изготвен прекршочен платен налог, пријавениот извадил и на совозачкото седиште од службеното возило фрлил 1.000 денари за да не го изготват налогот.

Прочитајте и:  Кривична пријава за екс-директорот на ЈЗУ Општа болница- Кичево, си присвоил ехо апарат дониран од МТСП
- Реклама -