Струшката полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен жител од Струга за узурпација на недвижен имот, соопшти денеска СВР Охрид.
Лицето, како што стои во информацијата, на државен имот поставил обележја со ознаки од Општината и просторот го адаптирал за паркинг за што наплаќал соодветна сума.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против У.К.(54) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на катарстарска парцела во Струга во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, поставил обележја и симболи на општина Струга и просторот го адаптирал за паркинг простор“, информира портпаролот Стефан Димоски.