Кривична пријава против полицаец во Скопје, запрел жена и ја допирал по телото

Полицаец во Скопје е осомничен за „обљуба со злоупотреба на положбата“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– На 31 јули, околу 22.30 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин, што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал оштетената по телото, се појаснува во соопштението.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица – Бит Пазар, поради постоење на основи на сомнение, дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик.

Прочитајте и:  Тошковски: Дозволи за оружје добивале луѓе кои законски немале право, отказ за околу 15 високи полициски функционери

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место, сѐ до завршување на дисциплинската постапка, се додава во соопштението.

- Реклама -