Кристијано Роналдо: Успешен на секое поле

Денес тој има сѐ што може да се посака. Кристијано Роналдо не е навикнат да биде само прв, тој е навикнат да биде едноставно најдобар!

Среќата ги следи само храбрите и упорните, а тој е токму таков. Затоа е „сопственик” на титулата најсексапилен спортист на планетата и на една од најубавате жени во светот Ирина Шаек.

Роналдо своите први фудбалски чекори ги направил кога имал само четири години, а на петтиот роденден од својот татко, кој бил голем фудбалски фан, го добил долгоочекуваниот подарок – првата фудбалска топка. По само неколку години почнал да игра во детски фудбалски тим во родната Португалија. Потоа бил повикан да игра за државниот фудбалски клуб „Спортинг“ во Лисабон. Решението не било ни малку лесно, сепак професионалноста била посилна од носталгијата да се остане во родното место.

22

Во 2003 година тренерот на „Манчестер Јунајтед“, Алекс Фергусон го поканил Роналдо во неговиот фудбалски состав каде за многу кратко време станува еден од најперспективните играчи на Англија. По шест години фудбалска кариера во „Манчестер Јунајтед“ преминува во „Реал Мадрид“ за сума од 94 милиони долари. Таму станува рекордер со 50 голови во 51 фудбалски мечови.

Cristiano-Ronaldo

Неговиот љубовен статус е поврзуван со низа познати актерки, пејачки и фото модели, но сѐ до неговото познанство со атрактивната и преубава Ирина Шаек не станувало збор за венчавка.

9c52d65fdc07f100250f6a70670078fc

Во меѓувреме тој стана татко на синот за кој првично тврдеше дека е роден од сурогат мајка, но подоцна во медиумите призна дека мајка на неговото дете е келнерка од САД со која се сретнал само еднаш.

Cristiano Ronaldo and Irina Shayk out in Portugal

Денес тој јавно зборува дека е подготвен за сериозноста што ја носи бракот, тврдејќи дека е свесен за товарот што го носи популарноста. Сѐ што му е потребно, вели Роналдо е сигурност и топол дом.

 

- Реклама -