Кристијано Роналдо прави сопствена социјална мрежа

Kристијано Роналдо прави сопствена социјална мрежа, наречена Viva Ronaldo. Португалската фудбалска ѕвезда започна барања за мрежата на својот  вебсајт овој четврток, за да им овозможи на своите милиони фанови да комуницираат едни со други и да ги следат вестите за својот идол. Тие ќе учествуваат и во трки, за да добијат маица со автограм или билети за натпревар.

„Viva Ronaldo е официјалната платформа на виртуелната заедница на Кристијано Роналдо”, изјавија од португалска компанија Viva Superstars, основана од ѕвездата на Реал Мадрид. На неа навивачите ќе можат да ги следат натпреварите директно, да споделат фотографии, видео и пораки за фудбалерот.

Страницата на Роналдо на Facebook ја следат повеќе  од 67 милиони луѓе, а профилот  на Twitter  23 милиони, што покажува дека неговата мрежа има големи шанси за успех.

Така Роналдо тргнува по стапките на ѕвезди како Лејди Гага, Златан Ибрахимовиќ, Лионел Меси и Рафаел Надал, кои исто така имаат свои социјални мрежи.

Зошто ѕвездите ги  напуштат Facebook и Twitter во корист на мобилни апликации?

Сопственоста врз социјалната мрежа им помага да се задржат ексклузивни права врз објавената содржина.

- Реклама -