Кристијано Роналдо ја објави својата колекција на чевли.
Португалската фудбалска ѕвезда ја презентираше модната збирка наречена CR7 Footwear, и ја окарактеризира шансата да ја претстави модерната колекција чевли како „сонот“.
Спортистот работи во тим со „Portugal Footwear“ за создавање на линијата модерни, а истовремено и класични чевли.
Колекцијата е поделена на луксузни, премиум и основни модели за мажи и момчиња и вклучува чизми, чевли и мокасини.
30-годишниот Роналдо, кој има издадено колекција на долна облека и кошули, сакал да создаде и таква на официјални обувки, што ќе го носат неговото име.