Кристијан Бејл во романтична комедија?! (видео)

Кристијан Бејл По инцидентот на снимањето на новиот „Терминатор“, популарноста на Кристијан Бејл паднала толку, што, очигледно на совет од менаџерите, тој ќе се одлучи да снима романтична комедија, за да ја покаже и својата понежна страна…

Откако Кристијан Бејл му се развикал на директорот на фотографија, на снимањето на новиот „Терминатор“ (а снимка од инцидентот чудесно излезе во јавност), тој доживеа драстичен пад на популарноста. Веројатно на совет од менаџерите, Бејл ќе сними романтична комедија, за да покаже дека во себе има и друга, понежна страна и да ја спаси кариерата. 

{youtube}qrvMTv_r8sA{/youtube}

Заедно со него, во романтичната комедија би требало да игра Дру Баримор, девојката која ќе биде негова цел во филмот. Таа му е добра пријателка и ја поддржала оваа идеја. Во моментов се бара соодветно сценарио, за да може да се отпочне со проектот.

[You Are a Fuckin Amateur! That’s Why I Love You]

- Реклама -