Според податоците од досега вкупно обработените 95.67% од избирачките места, на кои се запишани 1.737.104 од вкупно 1.808.131-те гласачи, до 15 часот гласале вкупно 527.068 избирачи, односно 30.34% од вкупниот број на запишани граѓани со право на глас.
Најголема излезност има во Крива Паланка – 52.61%, Македонски Брод – 49.45%, Демир Капија – 49.17%, Демир Хисар – 48.09% и Крушево – 47.68%.
Најмала излезност има во Желино 9.03%, Боговиње 10.49% и Центар Жупа 11.96%, соопшти портпаролката на ДИК – Љупка Гугучевска.
До 15 часот нема регистрирани нерегуларности.