Американскиот глумец и комичар Крис Рок ќе биде домаќин на 88 – та церемонија на доделувањето на Оскарите која ќе се одржи на 28 февруари наредната година во Лос Анџелес.
Имено, Крис Рок веќе еднаш бил домаќин на доделувањето на Оскарите во 2005 година. Таа година е запамтена како една од најгледаните до сега со повеќе од 42 милиони гледачи.
Рок овојпат ќе го замени колегата Нил Патрик Харис кој беше водител минатата година, но кој според критериумите не се снајде добро во таа улога.